Алиоски за вербалниот инцидент со Арнаутовиќ: Дојде во соблекувалната и ми се извини


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Инцидентот кој го направи Марко Арнаутовиќ веднаш откако постигна гол крена голема „прашина“ во спортската јавност.

Медиумите открија дека Арнаутовиќ на национална основа го навредувал Алиоски, на што ФФМ остро реагираше и побара најстрога казна од УЕФА.

Македонскиот репрезентативец Алиоски објасни дека ги разјаснил сите нејаснотии со Арнаутовиќ по мечот, бидејќи напаѓачот влегол во соблекувалната на Македонија и се извинил за прекумерната реакција.

„Не можев да го слушнам што викаше бидејќи публиката славеше во тој момент. По натпреварот зборувавме и се смиривме. По мечот дојде во нашата соблекувална, ми подаде рака и ми се извини. Арнаутовиќ дојде како пријател, зборувавме на германски и се разбравме на крајот“, вели Алиоски.