Home Спорт Пикси на српските фудбалери: „Дали сте вие нормални што правите?! Идете бре у пи*ку…“

Пикси на српските фудбалери: „Дали сте вие нормални што правите?! Идете бре у пи*ку…“

Репрезентацијата на Србија вчера ја победи Португалија и обезбеди директен пласман на Светското првенство кое се игра во Катар наредната година.

Србија во Лисабон одигра неверојатерн натпревар и со пресврт успеа да ја победи Поиртугалија и да дојде до првото место во групата. На Португалците им беше доволен и бод, меѓутоа голот за голема радост на Србите го постигна Митровиќ во 90. минута од натпреварот.

После завршувањето на натпреварот следуваше големо славје на теренот помеѓу играчите на Србија. Славјето продолжи и во соблекувалната каде што „Орлите“ помеѓу другото пеаа и: „Дајте ни го Бразил да си играме“.

Во еден момент Пикси ја прекина прославата.

„Само малку да ве прашам нешто. Дали сте вие нормални што правите?! Идете бре у пи*ку…“, низ смеа прокоментира Пикси алудирајќи на лудиот потфат кој со победата во последна минута го направија неговите репрезентативци за директен пласман на Светското првенство.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…