Опозициската ВМРО-ДПМНЕ поднесе околу 220 амандмани за предлог-буџетот на Македонија за 2022 година


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе околу 220 амандмани и ќе учествува на собраниската комисија за финансирање и буџет, на која денеска треба да почне разгледување на Предлог-буџетот за 2022 година.

Ќе учествуваат и на пленарната седница на која ќе се носи биџетот, соопшти денеска на прес-конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски.

-Поднесовме околу 220 амандамни преку кои ќе се обидеме да интервенираме и да поправиме нешто што се уште може да се поправи. Поднесовме голем број суштински амaндмaни во сферата на енергетиката, образованието, здравството, животната средина, изјави Стојаноски, додaвајќи дека тие се произлезиени од потребите и барањата на граѓаните и од стручната јавност. Изрази надеж дека власта ќе се охрабри, ќе дискутира за проблемите и предизвиците и оти ќе ги прифати нивните понудени решенија.

Одговарајќи на новинарско прашање, Стојаноски ја повика власта да ги прифати амандманите од опозицијата кои, како што рече, треба да решат многу проблеми и на тој начин да се подобри овој буџет. Според него, Буџетот во оваа форма како што е поднесен не ги задоволува потребите на граѓаните.

Посочи дека имаат поднесено пет амандмани кои ги зафаќаат загрозените групи граѓани, стопанството и економските субјекти. – Веруваме дека не може да имате историски најголем буџет од 4,4 милијарди евра, да имате на прагот енергетска криза, а да немате планирано ниту едно евро помош за граѓаните и за стопанските субјекти, рече Стојаноски.

Според ВМРО-ДПМНЕ, Владата за 2022 година предвидува капитални инвестиции од 37 милијарди денари, кои сметаат дека тоа ќе остане само на хартија. Ова, како што велат, е буџет со буџетски дефицит од 4,3 отсто. Со овој Предлог буџет јавниот долг на земјава ќе порасне за околу 800 милиони евра односно на крајот на годината јавниот долг ќе биде на историски највисоко ниво од околу 66 отсто од БДП.