Home Спорт Македонија со историска шанса за учество на Светското првенство во Катар – ќе игра бараж во март

Македонија со историска шанса за учество на Светското првенство во Катар – ќе игра бараж во март

Македонија вчера ја оправда фаворитската улога и му врати на Исланд за ремито во Рејкавиќ. Но најважно е што со оваа победа обезбедивме бараж за Мундијал.

Од првата секунда тргнавме офанзивно. Трајковски ја испрати првата закана кон голот на Исланѓаните, но неговиот удар заврши покрај голот. До водство стигнавме во седмата минута кога Алиоски по додавањето од Трајковски испрати една силен удар кој беше неодбранлив за Олафсон.

И по голот продолжи нашата офанзивна игра. На пет минути пред крајот на полувремето Чурлинов постигна гол за Македонија, но истиот беше поништен поради минимален офсајд.

На стартот од вториот дел изгледаше како ние малку да се повлековме. Исланд создаде неколку прилики за гол, една таква и искористија во 53. минута. Торстенсон искористи едно наше невнимание и го совлда Димитриевски.

За среќа тој гол не ги сруши психички нашите фудбалери, брзо ја вративме играта и одново се играше на половина на гостите. Во 65. минута преку Елмас стигнавме до нов гол и предност. На 10 минути до крајот Исланд остана со играч помалку откако втор жолт картон зарботи Јоханесон.

И така доминиравме, а со црвениот картон тоа беше уште повеќе изразено. Елмас пред крајот по еден одличен продор ги постави конечните 3:1 за голема победа на Македонија и обезбедување на бараж.

Бараж натпреварите за Мундијалот во Катар на програмата се во март.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…