Понеделничка временска прогноза


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денеска, понеделник, 15. ноември, времето во Македонија наутро по одделни котлини носи магла и ниска облачност. Преку денот облачноста ќе биде умерена, а во западните и југозападните делови со зголемена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Максималните дневни температури ќе достигнат во Скопје 15 Целзиусови степени, Маврово 11, Охрид, Битола, Крива Паланка и Берово 15, Кавадарци 15, Дојран 18.

Утре времето ќе биде променливо облачно со поголема ниска облачност во југозападните делови и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Дневните температури ќе се движат од 10 до 16 степени.