Home Спорт Платини и Блатер можат да завршат во затвор – обвинети за измама во Швајцарија

Платини и Блатер можат да завршат во затвор – обвинети за измама во Швајцарија

Поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер и поранешниот прв човек на УЕФА, Мишел Платини се обвинети за измама во Швајцарија.

Јавното обвинителство во оваа земја го товари Блатер за незаконско префрлање на 2 милиони швајцарски франци на сметката на Платини во 2011 година.

Според обвинителот, со ова била нанесена финансиска штета на ФИФА, а поранешниот прв човек на европскиот фудбал незаконски се збогатил. Двајцата поранешни највисоки фудбалски функционери ќе се појават на судење во Белицона.

Случајот беше отворен во 2015 година, откако Етичкиот комитет на ФИФА спроведе независна истрага во работењето на ФИФА по бројните обвинувања за корупција од медиумите. Доколку Блатер и Платини бидат прогласени за виновни тогаш ги очекува затворска казна од неколку години или во најмала рака парична казна со условна затворска казна.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Хејли Бибер за тешките месеци по породувањето: „Чувствував дека целиот живот ми се распаѓа“

Хејли Бибер отворено зборуваше за здравствените тешкотии по раѓањето на синот. Околу шест …