Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Американската актерка и холивудска ѕвезда, 31-годишната Кристен Стјуарт ќе се венча со својата девојка Дилан Мајер. Ова Кристен го откри за време на гостувањето во утринска програма на Хауард Стерн.
View this post on Instagram
– Сакав да бидам запросена, а таа тоа го знаеше. Неколкупати дискретно ѝ спомнав и таа успеа мојата желба да ја претвори во реалност. Беше навистина слатко. Ќе се венчаме и тоа навистина се случува – рекла Кристен и објаснила со какви дилеми се соочила како член на геј заедницата.
– Не бев сигурна дека тоа ќе бидам јас. Знаете на што мислам… Кога две девојки се во врска, никогаш не знаеш кој ќе биде запросен. Ние не размислуваме во тие термини на родовите улоги. Таа само ја презеде таа улога на себе и пресудно влијаеше тоа да се случи. Беше слатко – истакна актерката, која често заземаше високи позиции во анкетите на листите за најубави жени.
View this post on Instagram
Кристен и сценаристката Дилан Мајер првпат беа видени како се бакнуваат јавно во август 2019 година во Њујорк. Тие се запознаа пред седум години на филмски сет, а во октомври 2019 година, Мајер објави на Инстаграм црно-бела фотографија на која се бакнуваат, што беше официјална потврда дека се во врска.