Во скопска Топаана откриена импровизирана работилница за оружје – приведени две лица (фото)


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Полицијата вчера приведе две лица од Скопје, татко и син, откако при претрес вчера заплени оружје и муниција во импровизирана работилница во скопска Топаана, соопшти МВР.

Претресот бил правен во две на две локации, во домот и помошните на 46-годишниот син, како и кај неговиот 73-годишен татко. Двајцата се приведени и против нив ќе се поднесат кривична пријава за недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.

Кај синот, како што соопшти портпаролката на МВР, Сузана Прањиќ-Талевска, била лоцирана импровизирана работилница за изработка и поправка на оружје и муниција и таму се пронајдени: шест ловни пушки, 3 215 парчиња муниција за огнено оружје, 67 механизми и делови од огнено оружје за пушки, три цевки за пушки, 74 делови од разновидно оружје, девет затворачи за пушки, 22 кутии со разновидни механизми за пиштоли и една дигитална вага за мерење на барут.

Кај неговиот татко, кој во моментот на претресот престојувал во викенд-куќа во Раштак, пак, биле пронајдени: една полуавтоматска пушка, една ловна пушка, еден сигнален звучен револвер, шест цевки за оружје, три дрвени кундаци, 1604 куршуми со долго зрно, 101 куршум ловна муниција калибар 12 мм, затворач за оружје, куршуми маневарска муниција, 499 куршуми ловна муниција кал. 16 мм, четири пакувања со иницијални каписли.