Во последните 10 дена најголем пораст на новозаразени со Ковид-19 во Македонија забележан кај лицата од 20 до 29 години


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Најголемо зголемување на новозаболени од ковид-19 за периодот од 25 до 3 ноември е евидентира кај возрасната група од 20-29 години, а тоа е 11,4 отсто повеќе во однос на претходната недела, покажува статистичкиот извештај на Институтот за јавно здравје.

Во наведениот период тестирани се 20 976 материјали, со намалување од 2,3 отсто во однос на минатата недела. Регистрирани се 2804 нови позитивни случаи од 32 градови во државата со зголемување од 3,7 отсто во однос на претходната седмица. Процентот на позитивност се движи од 9,9 до 16,0 проценти, просечно 13,2 проценти.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје, а највисока неделна инциденца е регистрирана во Кавадарци и Крива Паланка.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60, а најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9.

Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 1519 (54,2 отсто) лица од женски и 1285 (45,8 отсто) од машки пол.

Пријавен е 71 смртен случај во 20 градови во текот на изминатата недела, најголем дел од нив се од Скопје – 18.

Најмногу од починатите припаѓаат на возрасната група над 60 години, а регистрирани се починати лица и кај возрасната група од 50 до 59 години – 5, од 40 до 49 години – 5, од 30 до 39 години – 2 и од 10 до 19 години – едно лице.

Со статус оздравени се стекнале 2205 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.

Заклучно со 31 октомври, вакцинирани се вкупно 812 422 лица со барем една доза на вакцина против ковид-19 во државата и странство. Комплетно вакцинирани, со две дози, се вкупно 778 599 лица, а со трета доза се вакцинирани 30 851 лица.