Барса се договори со Чави, уште да се договори со Ал Сад


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Откако Роналд Куман доби отказ поради серијата на лоши резултати, раководството на Барселона започна потрага по нов тренер.

Одлуката падна на клупската легенда Чави, а се очекува во наредните денови да биде официјализирано неговото доаѓање на клупата на „Камп Ноу“.

Делегација на Барселона утре ќе отпатува во Катар каде ќе се обиде да постигне договор со Ал Сад да го ослободи Чави.

Барселона веќе постигна договор со Чави,а интересно е дека Шпанецот на „Камп Ноу“ ќе заработув помалку отколку што заработува во Ал Сад. Меѓутоа, негов сон е да ја води Барселона.