Home Спорт Алонсо од Челзи: „Јас сум против расизмот, но нема веќе да клечам за тоа„

Алонсо од Челзи: „Јас сум против расизмот, но нема веќе да клечам за тоа„

Играчот на Челзи, Маркос Алонсо престана да клечи пред натпревар бидејќи смета дека тоа полека ја губи силата против расизмот.

Алонсо смета дека е многу подобро да стои и со рака да покажува на натписот „Не за расизмот“.

Пред почетокот на сезоната во Премиер лигата играчите на сите 20 клуба одлучија да продолжат да клечат пред натпревар како симбоил во борбата против расизмот.

„Се противам на расизамот и било каква форма на дискриминација, но попрво би покажал на знакот на кој пишува: „Нема место за расизмот“, како што прават фудбалери и други спортисти во разни земји. Да бидам јасен. Се противам на расизмот и ги почитувам сите. Дали мојата одлука да не клечам има врска со политика? Не знам, само сметам дека е подобро на друг начин да реагирам. Тоа е мојот начин на изразување на став“, изјави Алонсо.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Влада Савиќ за односот меѓу ќерката и втората сопруга – Психологот ми рече: Сега имаш дете, внимавај кога ќе ја бираш партнерката

Владан Савиќ, фронтменот на „Магла бенд“, зборува за својот семеен живот. Ќерката Анѓелија…