Home Спорт Новинарот Романо тврди: Меси и ПСЖ се договорија – наводно е договорена и платата на фудбалерот

Новинарот Романо тврди: Меси и ПСЖ се договорија – наводно е договорена и платата на фудбалерот

Познатиот новинар Фабрицио Романо тврди дека постигнат е конечен договор помеѓу Меси и ПСЖ.

Романо пренесува дека договорена е двегодишна соработка со можноста истата за да се продолжи за уште една година. Според информациите Меси во следните часови ќе пристигне во Париз на редовните лекарските прегледи. Според Романо, договорот на 34-годишниот Аргентинец е дизајниран за две сезони со можност за продолжување за уште една година до јуни 2024 година. Годишната плата на фудбалерот ќе биде околу 35 милиони евра без бонуси.

Претходно, утрово се појавија информации дека Барселона во текот на ноќта имала состанок со Меси на кој му била доставена нова, последна понуда, но изгледа дека такво нешто имало, а ако имало и таа не поминала покрај правилата на Ла Лига.

Веста ја потврдува и „Л’Екип“, па така сега само прашање на време е кога Меси ќе стане играч на ПСЖ.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Влада Савиќ за односот меѓу ќерката и втората сопруга – Психологот ми рече: Сега имаш дете, внимавај кога ќе ја бираш партнерката

Владан Савиќ, фронтменот на „Магла бенд“, зборува за својот семеен живот. Ќерката Анѓелија…