Home Спорт Изненадување во Лондон: Медведев за 1 час и 21 минута го „реши“ Ѓоковиќ и обезбеди пласман во полуфинале

Изненадување во Лондон: Медведев за 1 час и 21 минута го „реши“ Ѓоковиќ и обезбеди пласман во полуфинале

Тенискиот рекет број на планетарно ниво, Новак Ѓоковиќ, синоќа доживеа непријатно изненадување во рамки на второто коло од групата „Токио 1970“ на Завршниот АТП турнир во Лондон, каде беше поразен од Данил Медведев со 6:3, 6:3 за еден час и 21 минута игра.

Четвртиот светски рекет ја забележа и втората максимална победа во англиската престолнина и обезбеди место во полуфиналето.

Ѓоковиќ одлучувачкиот меч за место во полуфиналето ќе го има в петок против Александар Зверев, а победникот ќе оди во следната фаза. Аргентинецот Диего Шварцман остана без шанси во завршницата откако загуби од Зверев.

Во втората група Тим е сигурно прв, додека Стефанос Циципас и Рафаел Надал ќе играат за учество во полуфиналните борби.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…