Сеќавање на едни времиња: Adidas произведе лимитирана серија на патики со посвета на југословенската Југопластика


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Гигантот од светот на производството на спортска опрема, германски Adidas лансираше ограничена серија на патики посветена на кошаркарскиот клуб Југопластика.

Југопластика, во времето на Југославија, беше фабрика која за потребите на Adidas годишно произведуваше 4,5 милиони торби. Истоимениот кошаркарски клуб од Сплит во тоа време беше дел од врвот и кремот на европската кошарка. Кон крајот на ’80-те и почетокот на ’90-те Југопластика три пати ја освои клупската кошаркарска титула, а од нејзините редови излегоа серија светски познати и успешни кошаркари како Тони Кукоч, Дино Раѓа. Подоцна, со распадот на Југославија, клубот го смени името во „Поп 84“.

Во чест на тие времиња и тој гигант, Adidas произведе 150 пара специјално дизајнирани „TopTen“ модели со посвета на Југопластика во боите од некогашниот успешен кошаркарски клуб. Патиките ќе одат во комплет со жолта торбичка и шишенце за вода. Цената засега не е позната, само се знае дека нема да бидат пуштени во слободна продажба, туку ќе се продаваат преку онлајн аукција.