Home Шоубизнис Го губи царскиот статус: Се омажи јапонската принцеза и со тоа стана „обична жена“

Го губи царскиот статус: Се омажи јапонската принцеза и со тоа стана „обична жена“

Јапонската принцеза Ајако, која во центарот на јавното и медиумско внимание се најде со нејзината љубовна врска со „обичен“ човек кој нема аристократско потекло и сина крв, се омажи на свечена церемонија во храмот Меији во Токио.

28-годишната Ајако, ќерката на јапонскиот цар, се омажи со нејзиниот избраник Кеи Морија (32) кој работи во компанија за изработка на бродови.

Правилата на јапонската царска лоза и традиција велат дека жената која се мажи во Јапонија за член од царското семејство веднаш станува член од тоа семејство, но онаа жена од царското семејство која се мажи за личност која нема кралско потекло мора да си заминат од царството и палатата.

Поради ова принцезата Ајако морала да се откаже од титулата, а поради тоа од државата ќе добие мираз во вредност од 1,3 милиони долари.

Нејзиниот сопружник се надева дека неговата жена лесно ќе се прилагоди на обичниот живот.

„Сакам да работиме заедно, рака под рака, да создадеме семејство исполнето со насмевки“, вели тој.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Влада Савиќ за односот меѓу ќерката и втората сопруга – Психологот ми рече: Сега имаш дете, внимавај кога ќе ја бираш партнерката

Владан Савиќ, фронтменот на „Магла бенд“, зборува за својот семеен живот. Ќерката Анѓелија…