ОЈО ќе го гони претседателот Иванов за кршење на Уставот


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Основното јавно обвинителство покрена предистражна постапка против претседателот на државта, Ѓорѓе Иванов, поради кршење на Уставот.

Шефот на државата сè уште се нема огласено со коментар по објавената покрената предистражна постапка на ОЈО.

Барем до утрово, Ѓорге Иванов воопшто не излезе со коментар по сооштението на скопското обвинителство дека против него е покрената постапка поради кршење на Уставот.

Од обвинителство соопштија дека ги проверуваат наводите од две анонимни пријави во кои Иванов се гони поради тоа што не го потпишал Законот за јазици и договорот од Преспа.

Обвинителството побара информации од Собранието и кабинетот на Иванов за тоа кога тие документи се усвоени и кои биле причините претседателот да не ги потпише.