Home Спорт Херојот на Британија: Без нозе стигна до подиумот во Формула 3!

Херојот на Британија: Без нозе стигна до подиумот во Формула 3!

Младиот британски возач Били Монгер доживеа тешка несреќа минатиот април во Формула 4, после што му беа ампутирани двете нозе.

Една година подоцна 18 годишниот Бритнанец се врати на стазата во Формула 3 и на првата трка заврши на фантастичното трето место.

Монгер и покрај тешките повреди минатата година на „Донингтон парк“ не се откажа од автомобилизмот туку му се врати со уште поголема жар и борбеност.

Во меѓувреме тој добиваше подршка од многу возачи од Формула 1, а собрани беа повеќе од милион долари за помош на младиот возач. На Монгер му беа вградени протези место нозе, а за неговите потреби тимот на Карлин направи специјално возило, пишува Спортски.мк.

Младиот Британец дебитантската трка во Ф3 ја заврши на третото место со 4.093 секунди поспоро време од првопласираниот Линус Лундквис

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…