Home Спорт Благороден „моден“ избор: Погледнете чиј лик беше на патиките од Бердих во полуфиналето на Вимблдон

Благороден „моден“ избор: Погледнете чиј лик беше на патиките од Бердих во полуфиналето на Вимблдон

Чехот Томаш Бердих не успеа да се пласира во финалето на Вимблдон, тој загуби во полуфиналето од Роџер Федерер, но тенискиот свет го воодушеви со својот избор на патики.

Бердих кој во 2010 играше во финалето на Вимблдон и загуби од Рафаел Надал, на своите патики, во кои го играше полуфиналето против Федерер имаше слика од Новак Ѓоковиќ.

Чешкиот тенисер на овој начин му даде подршка на повредениот Ѓоковиќ. Српскиот тенисер му го предаде четвртфиналниот меч на Бердих поради повреда.

Инаку Бердих полуфиналето од Федерер го загуби во три сета 6:7, 6:7, 4:6.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …