Home Шоубизнис „Се фрлив на живот“: Еве што правеше Шарапова додека беше под суспензија

„Се фрлив на живот“: Еве што правеше Шарапова додека беше под суспензија

Руската тенисерка Марија Шарапова во април повторно се враќа на тениските терени по суспензијата, а во интервју за магазинот „Вог“ кажува дека паузата ја искористила за уживање во животот.

„Изминатата година пиев алкохол како никогаш во животот“ открива Шарапова во интервјуто.

Тенисерката беше казнета поради користење на недозволената супстанца мелдониум. Првичната казна беше 2 години супензија, но подоцна беше намалена на 15 месеци.

„Ќе полудев доколку цело време размислував само за тенис“ додаде 29-годишната тенисерка, која што исто така се посветила и на јогата.

Марија Шарапова на тенисот му се враќа на турнирот во Штутгарт, кој што ќе се игра од 24. до 30. април.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис

Comments are closed.

Check Also

Ќе има ли втора сезона на ‘Тотално 90-ти Куќа’? Еве што знаеме за иднината на шоуто на HGTV

Тотално 90-ти Куќа ја завршува својата прва сезона! Натпреварувачкото шоу на HGTV следи дв…