Home Шоубизнис Продолжува скандалот со протечените мејлови од Бекам – медиумите го подзедоа „в машина“

Продолжува скандалот со протечените мејлови од Бекам – медиумите го подзедоа „в машина“

Дејвид Бекам, поранешен капитен на англиската фудбалска репрезентација се најде на удар на медиумите по објавување на хакираните електронски пораки, во кои се доведува во прашање неговата добротворна работа.

За електронските пораки кои се објавени на сајтот Футбол ликс, потпаролката на Бекам рече дека се извадени од контекст и дека се изменети.

Потпаролката додаде дека приказната се заснова врз застарени материјали, кои намерно се претставени со цел да се направи погрешна слика за Бекам.

Меѓу објавените пораки е и неговата брза и вулгарна реакција кога дознал дека нема да ја добие титулата витез и размислувањето да не и донира пари на добротворната установа.

Многу таблоиди го пренесоа скандалот кој му се случи на поранешниот капитен, доведувајќи го во прашње неговиот имиџ, кој со години го создаваше. Весникот „Дејли мејл“ посвети четири страни за целото случување, но наведе дека во прашање е уцена со цел да се „оцрни“ херојот на фудбалот.

Многу лутина предизвика соработката на Бекам со програмата на УНИЦЕФ за добротворни цели за децата, каде се појавиле докази дека парите не ги давал доброволно за добротворни цели и тоа дека наплатил лет кој не му бил потребен.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа силна порака до младите девојки

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа важна порака до младите девојки …