Home Спорт Ѕвездата на Реал ги налути навивачите: Сакам во Ливерпул

Ѕвездата на Реал ги налути навивачите: Сакам во Ливерпул

Играчот за врска на Реал Мадрид, Дани Себаљос им порача на челниците на „кралскиот“ клуб дека сака да се пресели во Ливерпул уште во јануарскиот преоден рок.

„Диарио Гол“ пишува дека младиот Шпанец сака поголема минутажа, а на „Сантиаго Бернабеу“ не може да се избори со силната конкуренција.

Себаљос минатото лето пристигна од Бетис како еден од најголемите шпански таленти, но не успеа да се наметне во тимот на Зидан и запиша само 10 настапи во сите натпреварувања.

За да се обиде да избори место во шпанската репрезентација за СП, Себаљос му порача на раководството дека сака да ја промени средината и да се пресели во Ливерпул, кој го гледа како идеална дестинација за развој на кариерата.

Покрај „црвените“ за Шпанецот интерес покажуваат и други европски гиганти, но Себаљос го избрал Ливерпул и сака да соработуја со Јирген Клоп.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…