Зошто сопругата од Кендимен нема проблем со оргиите: „Некои нешта не смеете да ги правите“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Траверс Бејнон, попознат како Кендимен, светот го запозна по неговиот разуздан и расипнички стил на живот кој уредно го документира на Инстаграм. Она што ги изненади многумина е фактот дека овој „плејбој“ е среќно оженет маж.

Неговата 27-годишна сопруга Таеша нема проблем што со нив заедно живеат и двете постојани девојки на Кендимен, 22-годишната Ниша и 21-годишната Кристал. Наместо да се буни, таа и нивните две деца во текот на денот најслободно и најнормално се дружат со двете љубовници од тато, а ноќта Таеша и Траверс го делат брачниот кревет со нив.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Candy Shop Mansion (@candyshopmansion) on

За викенд, неговата вила е полна со десетици згодни девојки, а Таеша нема проблем ни со тоа.

„Многу сме среќни. Осум години сме во брак, а нашиот однос, во смисла на забава, семеен живот и секс, е како штотуку да сме се запознале“, вели Траверс за Daily Mail Australia.

„За време на викенд 30-тина жени доаѓаат кај нас, а на мојата сопруга ѝ се допаѓа тоа. Апсолутно е вклучена во сè што се случува“, додава Кендимен.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Candy Shop Mansion (@candyshopmansion) on

Како Таеша се носи со љубомората? „Сум се бакнувала со девојки кога бев млада и секогаш бев љубопитна. Ја преболев љубомората. Трав и јас имаме силен брак и јака врска, минуваме многу време заедно и секогаш имам чувство дека сум во центарот на неговиот живот“, тврди Таеша.

Додава дека има цел процес за избор на девојките кои ќе им се придружат, а кој е сличен на начинот на кој сите други бираат една девојка која ја имаат.

„Мора да бидете вешт во тоа да имате сопруга и љубовници, а и уште осум до десет други девојки од страна. Постојат нешта за кои не смеете ни да зборувате. Не смеете на една да ѝ посветите повеќе внимание или да ѝ дадете друг повод да биде љубоморна. Девојките сакаат внимание, како сите нас“, ја објаснува својата мудрост Бејнон.