Скандал: Судијата на мечот Турција – Шведска ветил два пенали во тунелот на полувремето!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Напаѓачот на шведската репрезентација, Маркус Берг го шокираше фудбалскиот свет со своето скандалозно откритие.

Имено, Берг откри дека добил ветување од страна на главниот судија Иштван Ковач дека ќе добие два пенали во второто полувреме на мечот од Лигата на нации.

„На полувремето отидов да зборувам со судијата за да протестирам за тоа што бев фаулиран, а тој не досуди пенал. Тој ми вети: ’Ќе ги видам снимките и доколку се уверам дека сум погрешил, ќе ти дам два пенали во второто полувреме’“, откри Берг после мечот.

Интересно во второто полувреме Шведска доби пенал и тоа после прекршок над истиот фудбалер. Тоа беше и пресуден момент на мечот кој заврши со победа на Шведска од 0:1.

Турските медиуми пренесуваат дека Турската федерација планира да ја извести УЕФА после изјавата на Берг.