Животната приказна на малата Кори Рубен


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кори Рубен е мало девојче чија животна приказна ги обиколи светските медиуми поради необичното нарушување со кое се родило.

Кори боледува од лимфедем – неправилно функционирање на лимфниот систем, а понатаму оваа болест доведува до неверојатен оток и акумулација на течност во нозете, стомакот, стапалата и рацете.

Поради тоа, двегодишното девојче Кора Рубен има екстремно отечени, речиси џиновски раце, и покрај бројните третмани и масажи, нејзините раце не престануваат да растат. Но, германски експерт им открија на нејзините очајни родители дека 80 проценти од отокот е всушност маснотија, а само 20 проценти е лимфна течност.

Во договор со Кејси и Брет, мајката и таткото на слатката Кори, лекарите се согласиле дека ќе подлежи на липосукција, и оваа постапка ќе и` овозможи на девојчето конечно да ги држи работите во раце и да носи нормална облека. Лекарите исто така веруваат дека таа ќе може да води нормален живот.

„Нејзините раце се најголемото нешто што луѓето го гледаат. Но, она што луѓето не го знаат е дека има отоци по целото тело. Во стомакот, во двете нозе, на гениталиите и како што старее, отоците стануваат полоши и полоши. “, објаснува Брет Рубен за состојбата на неговата ќерка и додаде дека неговата сопруга имала нормална бременост, и дека лекарите по раѓањето им рекле дека отокот на телото на бебето на крајот ќе се намали.

„Првите неколку недели верувавме дека отокот ќе се намали, така ни рекоа. Но, тоа не се случи, затоа посетивме педијатар и беше дијагностициран лимфедем”, се сеќаваат родителите, посочувајќи дека д -р Емили Фолди од Германија помогнала најмногу. Всушност, таа открила дека тоа не е само лимфна течност, туку и масно ткиво.

„Не е таа виновна што се родила со оваа состојба и ќе направам сè што можам за да и` помогнам да живее квалитетен и среќен живот“, рекла мајката за Daily Mail, додавајќи дека состојбата на Корина е далеку подобра од порано.

„Нејзината способност да ги зема и држи работите е многу подобра отколку порано. Рацете сега и` се меки и може да ги провлече низ ракавите на фустанот што сака да го носи”.

Лимфедемот е тешка хронична и прогресивна болест која главно се јавува како оток на екстремитетите. Тоа е болест на лимфната циркулација, а ризичната група ги вклучува сите оние чии лимфни јазли се отстранети поради некоја причина или чиј лимфен систем е оштетен.