175 години затвор за спортскиот лекар кој силувал и злоупотребувал 150 гимнастичарки


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


После судска драма од неколку години, заврши процесот за случајот со силувањето на врвни спортистки во Америка, кои беа игнорирани од ФБИ и институциите. Силувачот Лари Насар доби 175 години затвор.

Многу јавни личности ја дадоа поддршката на овие жени, а меѓу нив беше и глумицата Анџелина Џоли(46) која на Инстаграм се сликаше со четири од нив, пренесува Плус Инфо.

„Импресионирана сум од нивната храброст и посветеност во спречувањето на идните неуспеси во истрагата за злоупотреба“, напиша Џоли на Инстаграм.

Четирите врвни гимнастичарки Мекејла Марони, Али Рајсман, Меги Николс, Кејли Лоринц и Џесика Хауард, се само дел од мрежата од 150 жени-спортистки кои биле манипулирани и злоставувани од нивниот доктор кој ги прегледувал. Пред неколку дена тие се охрабрија и сведочеа пред Конгресот во САД, пишува магазинот „Пипл“.

„Ми беше чест да запознаам некои од храбрите американски гимнастичарки кои вчера се појавија пред Судската комисија на Сенатот“, напиша Џоли во описот на објавата, истакнувајќи дека е импресионирана од нивната храброст.

Анџелина го заврши својот пост со пораката „Стоп за насилството врз жените“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Angelina Jolie (@angelinajolie)

Во средата се одржа седница во Сенатот по извештај на главниот инспектор на Министерството за правда, во кој се наведува дека ФБИ не одговорила соодветно на обвинувањата за сексуална злоупотреба од Насар во 2015 година во својата истрага.

За време на сослушувањето, Марони, Рајсман, Николс и олимписката гимнастичарка Симон Билес тврдеа дека ФБИ дала лажни изјави во официјален извештај и не ги документирале наводите на жртвата.

– Како што рече Али Рајсман во своето сведочење, повеќе од 100 жртви можеа да бидат поштедени од злоупотреба. Ни требаше само едно лице да ја направи вистинската работа. Почитување и поддршка за нив и за сите што ја поминуваат оваа траума за да може да се случат реформите во системот – продолжи таа.

Џоли додаде дека се сретнала со девојките додека била на Капитол Хил „разговарајќи со сенаторите за повторно одобрување на Законот за насилство врз жените и реформите на ФБИ, кои вклучуваат подобра заштита за малтретираните деца, собирање непристрасни форензички докази, нега на трауми и судска обука“.