Home Спорт Жешката Ванда му обезбеди на Икарди нов договор од 60 милиони евра со ПСЖ

Жешката Ванда му обезбеди на Икарди нов договор од 60 милиони евра со ПСЖ

Сексапилната Ванда повторно му обезбеди одлична професионала зделка на својот сопруг Мауро Икарди. Сè е договорено за одличниот Аргентинец и следната сезона да остане да игра во дресот францускиот гигант ПСЖ. Целиот договор е вреден 60 милиони евра, со вклучени бонуси.

Ванда Икарди уште еднаш направи одлична зделка, нејзиниот клиент и сопруг Мауро останува на „Паркот на принцовите“ во Париз.

Икарди и сезонава која поради пандемијата од корона е прекината како позајмен фудбалер од Интер го носеше дресот на ПСЖ за годишна плата од 13 милиони евра. Францускиот шампион имаше можност да го откупи договорот на Икарди од Интер за 70 милиони евра.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Wanda nara (@wanda_icardi) on

Французите побараа од Интер да ја намали оваа цена, според Скај Спорт, Интер и ПСЖ по 24 часовни преговори се договориле за трансферот на Икарди.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Wanda nara (@wanda_icardi) on

Наводно целиот договор „тежи“ 60 милиони евра, италијанските медиуми прецизираат дека истиот вреди 50 милиони евра плус 10 милиони евра бонуси.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …