Бритни Спирс се осврна на несигурноста околу својот изглед, тврдејќи дека поранешните партнери ѝ велеле да направи операција на челото.
„Имам навистина големо чело!!“, напиша 44-годишната пејачка на Инстаграм во саботата, на 21 ноември, покрај снимка на која изгледа дека патува со приватен авион.
Подоцна истиот ден, Спирс повторно се огласи на социјалните мрежи, овојпат со извинување за своето однесување во минатото кон членови на семејството, без да прецизира за кого станува збор.
„Благословена сум што имам толку прекрасно семејство. Многу ми е жал што повторно отворав стари прашања, но мислам дека го правев тоа затоа што сфатив дека морам да си го заштитам срцето“, напиша таа.

„Таква сум кога сакам некого — кога ве сакам, НАВИСТИНА ве сакам. Мојата тврдоглавост е детинеста и се срамам од неа. Кога размислувам за минатото, јас сум само човек и можеби некои од работите што ги кажав имаат психолошка основа. Како и да е, му се извинувам на семејството што ги враќав тие спомени. Всушност, никогаш не сум разговарала со нив лице в лице за тоа. Искрено, едноставно ми недостигаат премногу!!! И многу ми е жал!!!“, продолжи пејачката.
На судско рочиште во 2021 година, Спирс тврдеше дека никој од нејзиното семејство не се спротивставил на наводното несоодветно постапување на нејзиниот татко, Џејми Спирс, во текот на 13-годишното старателство над неа. И Џејми, кој има 74 години, и нејзината мајка, Лин Спирс, одамна ги негираат обвинувањата на Бритни. Лин и натаму се надева дека семејството еден ден ќе најде заеднички јазик.
„Бритни и мајка ѝ сè уште имаат подеми и падови. Еден ден работат на својот однос, а потоа со недели не разговараат“, изјави извор за Us Weekly во септември 2025 година. „Лин се обидува да пристапи кон ситуацијата што е можно повнимателно, но не сака ни да седи со скрстени раце.“
Изворот додаде: „Повеќе од сè би сакала повторно да биде блиска со Бритни. Порано беа најдобри пријателки. Лин разбира дека Бритни сè уште е повредена и трауматизирана од старателството, но се надева дека еден ден ќе можат да се насочат кон иднината, наместо кон минатото.“
Во јули годинава, друг извор откри дека пејачката вложува повеќе труд за повторно да се зближи со своите двајца синови, со кои претходно имаше нарушени односи.
„Бритни почесто стапува во контакт со синовите и сака да почне да поминува повеќе време со нив кога тие ќе бидат подготвени“, изјави тогаш изворот за Us Weekly.
Во интервју за австралиската емисија 60 Minutes во 2022 година, Џејден рече дека тој и брат му имаат „емоционална траума“ поврзана со односот со мајка им. Според него, на Бритни ѝ било тешко да им посветува внимание на двајцата и да им покажува еднаква љубов.
Извор: US Weekly