„Заробени во Катар“: Подготовките за Светското првенство во Катар однесоа 1.400 жртви


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Шокантните статистички податоци за бројот на жртвите кои ги однесоа подготовките на домаќинот Катар за Мундијалот во 2022 година ја вознемирија светската јавност.

Многу контроверзии се вртат околу земјата домаќин за Светското првенство во 2022 година. Прво луѓето од Катар беа обвинети дека со разни видови на корупции и уцени ја добиле организацијата на најголемиот фудбалски спектакл.

Потоа продолжи со опцијата да се промени бројот на репрезентациите, всушност да се зголеми, сепак тоа нема да се случи. Последната информација која пристигнува е и најскандалозна и ни покажува дека кога во прашање е профитот се занемаруваат дури и човечките животи.

Документарецот под име„Заробени во Катар“ од германската продукција изнесува фрапантни податоци. Утврдено е дека во изминатите неколку години колку што траеше изградбата на стадионите ширум Катар настрадале 1.400 луѓе! Поголемиот дел од жртвите биле од Непал, а како што се наведува главните причини за толкавиот број жртви се лошите услови за работа како и лошиот живот на самите работници.

Арапските вести исто така ја пренесуваат оваа вест која го здрма врвот на богатата држава, но засега нема последици. Непалските семејства кои имаат жрвти тврдат дека никој од Доха не им се јавил, а не пак да им понуди некаква помош.

Дефинитивно Мундијалот во Катар со самото тоа што досега се случуваше е најскандалозниот и најконтроверзниот во историјата.