Home Вебкафе За 5 евра ќарил 106.875 евра – погледнете што погодил

За 5 евра ќарил 106.875 евра – погледнете што погодил

Вчерашниот ден на фудбалското мени од Европското првенство ги сервираше двата најлуди, највозбудливи и најатрактивни дуели на досегашниот тек од првенството. А еден к’сметлија во спортското обложување успеа од таа возбуда и навивачки адреналин и одлично да ќари.

Човекот погодил дека по 90 минути фудбал на двата меча од осминафиналето во понеделникот, Шпанија-Хрватска и Франција-Швајцарија, резултатот ќе биде 3:3.

Никој во светот не можел да предвиди дека ќе се случи такво сценарио, освен овој обложувач кој на овој тип вложил 5 евра.

За вложените пет евра добил 106.875 евра. Коефициентот за натпреварите да завршат со тој резултат бил 150.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

После педесеттите сè се менува: 8 работи што никој повеќе нема нерви да ги трпи

Кога ќе се премине педесеттата, животот добива сосема нов “филтер” – како да се вклучи опц…