Home Актуелно Вртоглави 83 милијарди евра – толку потрошила Швајцарската централа банка за да го ослаби швајцарскиот франк

Вртоглави 83 милијарди евра – толку потрошила Швајцарската централа банка за да го ослаби швајцарскиот франк

Во првите шест месеци од тековната 2020 година, Швајцарската централна банка (SNB) потрошила рекордни 90 милијарди швајцарски франци, или околу 83,3 милијарди евра, на интервенција на валутните пазари за да го заузди јакнењето на националната валута во времето на пандемијата, покажуваат податоците на банката.

Сумата ги надминува и вкупните интервенции на швајцарската централна банка на девизните пазари во претходните три години, покажуваат податоците од SNB објавени во средата.

Швајцарскиот франк вообичаено расте во време на кризи, бидејќи многу вложувачи во него гледаат безбедно засолниште за нивниот капитал во несигурни времња.

Силниот франк, меѓута, им штети на швајцарскиот извоз и на туризмот, важни двигатели на растот на швајцарската економија, имајќи предвид дека поради него швајцарските производи и услуги поскапуваат во странство.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Марго Роби во фустан во стил на долна облека и балетанки „Мери Џејн“ ги освои улиците на Париз

Марго Роби одлично знае како дури и обичната прошетка по улиците на Париз да ја претвори в…