Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Во првиот работен ден од новата 2022, тахнолошкиот гигант Епл ја достигна историската граница од три илјади милијарди долари пазарна вредност. Со ова Епл успеа за три пати да ја зголеми својата вредност од 2018.
Рекордот следуваше откако акциите на Епл достигнаа историски највисока цена од 182,88 долари за акција, со што за малку ја надминаа границата од 3 билиони долари.
„Собери ги Волмарт, Дизни, Нетфликс, Најк, Ексон мобил, Кока-кола, Комкаст, Морган Стенли, Мекдоналдс, АТ&Т, Голдман сакс, Боинг, ИБМ и Форд. И Епл пак повеќе вреди,“ објаснува Џек Никас во Њујорк тајмс.
За да ви биде појасен спектакуларниот раст на Епл:
– Во 2018 Епл станува првата американска компанија што вреди 1.000 милијарди долари. За ова на Епл му се потребни 42 години.
– Две години подоцна вредноста на компанијата порасна на 2000 милијарди долари.
– За да стигне до 3.000 милијарди долари, на Епл му беа потребни 16 месеци и 15 денови.
„Ваква вредност до пред само неколку години изгледаше непоимлива. Сега изгледа само како уште една граница што треба да ја достигнат корпоративните титани кои и понатаму растат. Годинава уште еден технолошки гигант, Микрософт, би можел да го следи Епл во клубот 3 билиони,“ пишува Никас.
Тој дава уште неколку споредби за вредноста на Епл:
– Колку БДП-то на Британија или Индија.
– Еднаква е на 6 ЈПМорган Чејс, најголемата американска банка.
– Еднаква е на 30 Генерал електрикс.
– Моментално на Епл отпаѓаат 7% од вкупната вредност на С&П 500 индексот.
– На Епл отпаѓаат 3,3% од вредноста на глобалните берзи.
– Епл вреди повеќе од сите криптовалути на светот заедно.
Во јануари 2007 кога ја објавува првичната верзија Ајфон, вкупната вредност на Епл („сосе гаќи“) е 73,4 милијарди долари. За минатата фискална година која им заврши септември, Епл само од продажбата на Ајфон имаше приход од 192 милијарди долари.