Вратил позајмена книга во библиотека по 53 години – еве колкава казна го чека


1/8 финале на СП: Мегваер пак е главна тема - 15 ден ↓↓↓



Маж од Ирска пред точно 19.433 дена изнајмил книга локалната библиотека и истата ја вратил дури денес, со задоцнување од 53 години.

Од локалната библиотека на нивниот Твитер профил објавија фотографија од книгата која од кај нив била позајмена на 30 мај, 1965 година. Станува збор за примерок од „Отец Теобалд Метју“ од писателот Патрик Роџерс.

Од библиотеката пишаа дека казната за ова децениско доцнење изнесува 971,65 евра, но дека нема да прават проблем ако типот плати и 950 евра на рамно.