Вознемирувачка сцена: Фернандао од Фенербахче се здоби со стравична скршеница (видео)


Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓



Фудбалерот на Фенербахче, Фернандао, доживеа тешка повреда на дуелот со Конјаспор, здобивајќи се со стравична скршеница на раката.

Грдата ситуација се случи во 3-та минута од натпреварот во Истанбул, кога Бразилецот тргна во воздушен дуел, но голманот од гостите ја дофати топката пред него при што го закачи Фернандао во рамки на скок-дуелот.

Напаѓачот на Фенербахче падна на тревата и се превитка со болен израз на лицето и лелек, а левата рака му остана во неприродна положба, при што јасно се виде дека станува збор за скршеница во лактот.