Во Прилеп денеска започнува 56. издание на театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Со претставата во конкуренција за награди „Народен непријател“ на МНТ и со доделувањето на наградите за животно дело, вечер во Прилеп свечено ќе биде отворен 56. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“.

По корона кризата, Фестивалот го прескокна јубилејното 55-то издание во 2020 година, а лани се одржа во октомври. Најреномираната манифестација за продукцијата на македонските театри се врати во вообичаениот термин на одржување, во почетокот на јуни.

Вечер со првата претстава „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен во режија на Нина Николиќ, а во продукција на Македонски народен театар од Скопје ќе биде отворен Фестивалот. Ќе бидат доделени наградите за животно дело на актерката Бедија Беговска, доајен на турскиот театар и на драмскиот писател Русомир Богдановски.

Фестивалот ќе биде затворен на 9 јуни со претставата во чест на наградените „Боливуд“ од Маја Пелевиќ, во режија на Наташа Поплавска, а во продукција на Театар Комедија од Скопје.

Годинава во конкуренцијата за награди се вкупно осум претстави: „Моетѕо име е Горан Стефановски“ на Дрански театар од Скопје, „Декамерон“ на прилепскиот театар, „Јазли“ на албански театар, „Бракот на Марија Браум“ на струмичкиот, „Вишновата градина“ на турски театар, „Клеветата на Скопје“ на турски театар и претставата „Артуро уи“ на битолскиот театар.

Годинашното жири кое ќе ги оценува претставите е Љупчо Ѓорѓиевски, режисер, Бесфорт Идризи, актер и театарскиот критичар Сотир Трајков.

Фестивалот носи и придружна програма и промоции на театарска литература.