
Хајди Клум во саботата, на 31 октомври, ја прослави Ноќта на вештерките со забава во Њујорк на која присуствуваа бројни познати личности.
Педесет и тригодишната супермоделка по 25. пат ја организираше својата традиционална годишна забава, овојпат во „Катедрал“, со поддршка од „Апотик“ и „Батерфингер“.
За настанот, Хајди се претвори во отсечена рака, со коски, крв и дијамантски прстен. Костимот го изработи нејзиниот пријател и долгогодишен соработник Мајк Марино, а нејзиното лице се гледаше низ крвава рана кај рачниот зглоб.
Инспирација за маската на водителката на „Проект писта“ биле нејзината лева рака и венчалниот прстен од сопругот Том Каулиц.
Покрај познатите гости, на прославата дојдоа и сите четири деца на Хајди.

Лени Клум се појави маскирана како прасе, облечено во бел фустан.

Хенри Семјуел носеше капа со ликот на жабецот Кермит, а лицето го имаше обоено во зелено.

Јохан Семјуел и Лу Семјуел исто така им се придружија на мајка си и на останатите членови на семејството на забавата за Ноќта на вештерките.

Извор: Just Jared