100-ти ден од руската воена инвазија на Украина – Русите имаат окупирано 20% од украинската територија


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Денеска е стотиот ден од почетокот на руската воена инвазија на Украина. Руските воени сили досега имаат окупирано 20% од украинската територија, а нападите се фокусирани на источниот регион Донбас и неговиот стратегиски град Северодоњецк.

„Имавме одреден успех во битката за Северодоњецк. Но сè уште е рано. Ова е најтешката зона во моментов“, изјави синоќа украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Тој рече дека ситуацијата „не е значително променета во текот на денот“.

Претходно, Зеленски навести дека ситуацијата на истокот е „навистина тешка“ и дека Украина губи „од 60 до 100 војници дневно и дека околу 500 се ранети“.

„Денес се бориме и го држиме секој метар од регионот на Луганск“, изјави утринава гувернерот на Луганск, Сергиј Гајдај.

Тој изјави дека „веќе 100 дена (Русите) уништуваат сѐ што се истакнуваше во регионот на Луганск“.

Уништени се повеќе од 400 километри „патишта со европски стандард“, 33 болници, 237 рурални клиники, речиси 70 училишта и 50 градинки, рече Гајдај.

Тој вчера изјави дека „80 отсто“ од Северодоњецк, административната престолнина на Донбас, се „окупирани“, како и дека се водат борби на улиците.