Виц: Шопската и ракиите на Перо


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Си седи шопската салата во стомакот на Перо. Доаѓа првата ракија и вели:
– Здраво, јас сум првата ракија на Перо, а ти која си?
– Јас сум шопска салата.
По кратко време доаѓа и друга ракија:
– Здраво, јас сум втората ракија на Перо, а ти која си?
– Јас сум шопска салата.
Доаѓа така и третата ракија и четвртата… Доаѓа десеттата и исто:
– Здраво јас сум десеттата ракија на Перо, а ти која си?
– Ај да излезам јас да видам кој е тој Перо.