Виц: Подарок за Свети Валентин


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Се буди Мара од спиење, се растегнува и му вели на Трпе:
Да знаеш Трпе каков сон сум сонувала. Си се вратил од работа и за Свети Валентин си ми подарил златна огрлица. Па, насмеана додава:
Да не знаеш што значи тој сон, а?
Е па, Маро, ти спреми вечер вечера и олади едно вино, а јас кога ќе се вратам од работа ќе имаш прилика да видиш што значи тој сон.
Се прибира Трпе вечерта, влегува дома, ја бакнува Мара, па и дава убаво завиткан подарок.
Мара ја кине нестрпливо украсната хартија и внатре гледа книга со наслов Соновник!