Мајтап

Виц: Пилотот и фотографот за време на авионски лет

Фотограф добил задача од големо географско списание да направи фотографии на голем шумски пожар. Но поради големото количество чад, не било можно да се направат добри фотографии. Фотографот се јавил во редакцијата и ги замолил да му изнајмат авион. Главниот уредник му рекол дека авионот ќе го чека рано наутро на најблискиот аеродром. Наредното утро фотографот пристигнува на аеродромот и навистина гледа на пистата авион, кој веќе ги запалил моторите. Со нетрпение да направи убави фотографии, скокнал во авионот и му подвикнал на пилотот:
– Ајде, давај гас и летнувај побрзо!
Пилотот дава гас и полетуваат.
– Летај кон северната страна на пожарот! – му вели фотографот на пилотот.
По кратко време:
– Ајде сега направи три-четири круга на ниска висина!
– Зошто пак сега ова? – прашува пилотот.
– Затоа што треба да направам фотографии… Јас сум фотограф, а фотографите фотографираат! – рекол нервозно фотографот.
После подолга пауза, пилотот прашува со треперлив глас:
– Се извинувам господине… но, сакате да кажете дека вие не сте инструктор по летање?!

To Top