Виртуелно одржано 78. издание на доделување на „Златни глобуси“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Свеченоста за 78 издание на доделувањето на наградите „Златен глобус“ одржана е синиќа во виртуелно издание.

Најмногу призннија добија филмот на режисерката Клои Зао „Номадленда“ и четвртата сезона на серијата „Круна“.

Добитниците на Златниот глобус преку видеоповик кратко и се обраќаа на јавноста и се заблагодаруваа за наградата.

Серијата „Круна“ го доби Златниот глобус за најдобра ТВ драмска серија, серијата „ Schitt’s Creek”е најдобрата хумористична ТВ серија. За најдобра мини – серија е прогласено остварувањето на Нетфликс „ The Queen’s Gambit”.

Номадленд кој и пред доделувањето важеше за фаворит за нагдарата Златен глобус , но и за наградата Оскар го доби признанието за најдобра драма. Режисерката Клои Зао влезе во филсмаката историја како само втората жена чии филм добил Златен глобус.

Покрај тоа, Зао го доби Златниот глобус и за најдобра режисерка. Наградата за најдобро сценарио го доби Ерон Соркин (Ааорон) за филмот „ The Trial of the Chicago 7″.

Златниот глобус за најдобра комедија го доби филмот Борат 2 (Borat Subsequent Moviefilm). Главниот актер во филмот мегапопуларниот комичар Саша Барон Коен го доби признанието за најдобар актер во комедија.