Виновниците за грешката со Оскарот за најдобар филм ја платија цената


Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓



Двајца вработени во книговодителската компанија PricewaterhouseCoopers (PwC), одговорни за кардиналната грешка на крајот од доделувањето на овогодинешните Оскари, веќе нема да учествуваат на таа свеченост, изјавија од Американската академија за филмски науки и уметности.

Брајан Калинан и Марта Руиз веќе нема да ги бројат гласовите на членовите на Академијата и на презентерите да им ги делат ковертите со имињата од добитниците, но ќе останат вработени во PwC.

PwC ја презеде целосната одговорност за тоа што во категоријата за најдобар филм беше прогласен погрешен добитник, што беше најголем гаф во историјата на Оскарите.

Грешката се случи бидејќи Калинан на презентерите на категоријата за најдобар филм, Ворен Бити и Феј Данавеј, им врачил коверт со името од добитничката на Оскар во категоријата најдобра актерка, пренесува Hina.

Од Академијата уште не се изјаснија за тоа дали ќе го продолжат партнерството со PwC, кои се грижат за гласачкиот процес од самиот почеток на доделувањето на Оскарите пред 83 години.