„Ефектот Трудо“: Фотките од полуголиот канадски премиер го запалија интернетот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Канадскиот премиер Џастин Трудо направи вистинска гужва на интернет откако беа објавени неговите фотки од младоста, на кои позира разголен.

Фотките на социјалните мрежи ги објавија Канаѓаните, а истите за кратко време станаа вирален хит. Фотографиите беа објавени две недели откако Иванка Трамп беше фатена од објективите како „лакомо“ го гледа Трудо за време на неговата прва посета на Доналд Трамп како претседател на САД.

Трудо е познат како крадач на женски срца меѓу политичарите. Жените едноставно „паѓаат“ на него и имаат посебен сјај во очите и насмевка на усните кога го гледаат. Во прилог му оди тоа што има убави манири и е голем џентлмен.