Видео: Само еден човек не се израдува на голот од Роналдо


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Спектакуларниот гол на Кристиано Роналдо против Јувентус сигурно е еден од најдобрите видени во Лигата на шампиони во последната деценија.

Целиот фудбалски свет денес му се „поклонува“ на Роналдо, а синоќа му аплаудираа и навивачите на Јувентус, кои на почетокот го дочекаа со свирежи.

Реакцијата на клупата на Реал исто така беше „експлозивна“ – сите скокнаа да се радуваат на голот, освен Герет Бејл. Велшанецот воопшто не беше импресиониран од ремек-делото на својот соиграч и не покажа никаква реакција.