Четири знаци дека љубовта кај вашиот партнер згаснува


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Љубовта и чувството на заљубеност се моторна сила и двигател низ патиштата на животот со сите перипетии, подеми, падови, убави и неубави моменти. Поради тоа, чувството на љубеност и таква блискост со некоја личност на луѓето отсекогаш им било многу битно и значајно.

Сепак, во животот не е се така лесно и едноставно, во свет во кој драмите преовладуваат треба до вистината да допрете само вие самите и да се уверите дека тоа навистина е така.

Сигурно познавате барем по еден случај каде после прекинатата врска со поранешниот партнер некој веднаш нашол друг, но со него бил од инает за повторно да се врати на својата вистинска љубов.

За да не западнете во таква заблуда ви укажуваме на е 4 знаци преку кои ќе дознаете дали вашиот партнер не е заљубен во вас.

Комуникација под негови услови

Само за негови потреби. Често се чувствувате неразбрано и дека не сте дообјасниле нешто, а тој упорно ви кажува дека нема време за такви комуникации кои за вас се од големо значење. Секој обид за ваше докажување завршува со огромна расправија.

Ве крие од пријателите

Потполно нормално е надвор од љубовниот живот да имате социјален. Заљубената личност нема да дочека за да ве претстави пред своите пријатели, а онаа која не е ќе смета дека нема потреба од ваше вклучување во неговите кругови.

Никогаш не ве претставува како своја партнерка

Наместо тоа ве убедуваат дека се уште е рано да ве класифицираат како пар, туку треба да почекате уште некое време да видите како ќе ви оди. Ова всушност е еден од знаците дека штом налета нешто ново ќе се тргне од вас и ќе продолжи со исто темпо од ново.

Што и да направите не е доволно добро

Вие може и на глава да застанете за да го воодушевите, но нема да се исплати. Доколку не е заљубена, а е со вас, личноста често ќе биде со лошо расположение и ќе негодува на сите напори кои ги правите за него.