Буфон му се поклони на Роналдо: Тој е како Пеле и Марадона


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Јувентус синоќа претрпе голем пораз од Реал Мадрид, а маестрална партија одигра првата ѕвезда на „кралевите“, Кристиано Роналдо.

Легендарниот Буфон после натпреварот беше разочаран поради поразот, но уште еднаш ја покажа својата големина и не штедете на комплименти кон Роналдо и тимот на Реал Мадрид.

Роналдо се покажа во вистинско светло, беше импресивен како и секогаш, тој заедно со Меси ги качува сите висини. Тоа значи дека слободно можеме да ги споредиме со Марадона и Пеле. Тие се најголемите во историјата“, истакна Буфон.

„Грешките се случуваат, особоено кога против вас имате противник кој е неверојатен и голем шампион. Разочаран сум и свесен дека можеби и нема да минеме натаму во следната фаза, но мора да се има чиста глава кога знаете дека имате објективно посилен противник спроти вас“, заклучи Џиџи.