Видео: Дурент ги победи „своите“, Кливленд го доби дербито со Торонто


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Богата програма имаше синоќа во НБА лигата, а најголемо внимание привлекоја победите на Голден Стејт и Кливленд над Оклахома односно Торонто.

Кевин Дурент отиде на гостување кај неговиот поранешен тим Оклахома Сити Тандер и се врати дома со победа (111:107)

Тој постигна 34 поени и 10 скока, надополнети со 1 блок и 1 украдена топка. Клеј Томпсон му помогна со 20 поени, иако беше лош од зад линијата за три поени,

Во поразените Оклахома најдобар играч беше Расел Вестбрук кој одигра маестрална партија со постигнати 44 поени, 16 скокови и 6 асистенции.

Кливленд го доби дербито против Торонто (112:106), предводен од одличниот Леброн Џејмс кој постигна 27 поени, 10 скока и 6 асистенции.

Останати резултати:
Филаделфија – Бруклин 121:95
Мајами – Атланта 101:98
Њујорк – Орландо 73:97
Чикаго – Шарлот 120:114
Хјустон – Вашингтон 120:104
Милвоки – Бостон 106:102
Далас – Портланд 115:109
Денвер – Индијана 107:104
Јута Џез – ЛА Лејкерс 117:110
Феникс – Сакраменто 97:94
ЛА Клиперс – Сан Антонио 113:110