Видео од прва рака: Еве што се случуваше во американскиот Конгрес вчера кога упаднаа поддржувачите на Трамп


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Роберт Мур, дописник за ITV News од Вашингтон, беше непосреден сведок кога толпата поддржувачи на Трамп упадна во зградата на Конгресот во САД.

Протестите се претворија во немири откако претседателот Доналд Трамп ги повика своите приврзаници да маршираат во Вашингтон, велејќи им „да се ослободат од слабите“ и велејќи: „извлечете ги слабите; ова е време за сила“.

Но, кога дописникот на „Ај-Ти-Ви“ праша зошто демонстрантите упаднаа во зградата, еден одговори: „Како би го знаел тоа?“

Друг рече: „Тие работат за нас! Тие не можат да ни го украдат тоа! Тие не можат да ни кажат дека не сме го виделе тоа што го видовме“.

Еден друг човек, пак, врескаше во камерата: „Ние сме добри луѓе и го почитуваме законот. Владата ни го стори тоа. Бевме нормални, добри, почитувани закони граѓани … и сакаме нашата земја да се врати!“