4 мртви, 14 повредени полицајци и 52 уапсени лица – епилог од хаосот кој вчера се случи при упадот во Капитол


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Во насилните инциденти околу Конгресот на САД смртно настрадаа најмалку четири лица. Една жена загинала откако било пукано во неа, како што соопшти полицијата, но околностите за нејзината смрт не се јасни. Три други лица починале од здравствени компликации. Повредени се 14 полицајци, од кои двајца тешко, а уапсени се 52 лица.

Упадот во Конгресот се случи откако Доналд Трамп им се обрати на повеќе илјади свои приврзеници во близина на Белата куќа, повторувајќи ги обвинувањата дека победата му е украдена со изборна измама.

Две експлозивни направи се пронајдени синоќа во седиштето на републиканскиот и демократскиот националн комитет, а во Капитол е пронајдена гајба со молотови коктели.

Конгресот ја потврди победата на избраниот претседател Џо Бајден, и покрај протестите последната вечер со кои сакаше да се спречи таквата одлука. Потврдата се случи во четири часот наутро според американско време.

Светските лидери остро ги осудија настаните во американскиот конкрес и побараа да се почитува изборниот резултат, односно победата на Бајден.