„Глумење политичко лудило“ од страна на Груби: „Казнете не затоа што не носевме маски, заслуживме


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Став на Артан Груби, прв потпретседател на владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, за контроверзната фотографија од одбележувањето на роденденот на Али Ахмети во новата зграда на Министерството за политички систем, која крена прашина во јавноста:

„Покрај грижата за своето лично и семејно, заедно со јавното здравје, ние сме посветени како избрани претставници да бидеме пример и да предводиме со дела во сè што правиме. Жалам што во оваа инстанца не бевме на висината на оваа наша посветеност. Затоа преземаме целосна одговорност, спремни сме да ги сносиме последиците и да ги почитуваме одлуките. Ги повикуваме надлежните институции да изречат мерки кои ќе ги испочитуваме како секој граѓанин“.

Пораката од Груби стигна рано наутро за Бадник, откако беше објавена веста за апсење покрај коледарски оган во селото Орман. Пораката стигна два дена по фотографијата, откако МВР соопшти дека ќе има постапка поради постоење очигледни докази за прекршување на мерките.

Прекршување стори и заменик министерот за внатрешни работи Назим Буши, кој е на истиот состанок, без маска на лице, но и без можност да се види дали воопшто има во раце. Иако втор човек на МВР, Буши не го пријавил кршењето на законот.

Трудовиот инспекторат врши вонреден надзор во министерството и ќе информира што откриле.

И додека правецот на смирување на гневот на јавноста се насочува само кон маските, а не и кон лошиот пример и партизираноста на новото министерство, македонските граѓани и интелектуалци бараат европски терк и во однесувањето на функционерите и нивна морална одговорност.

Професорката Мирјана Најчевска посочувајќи различни европски примери каде министри си дале оставки поради поситни прекршоци истото го бара и од Груби.

Став на Мирјана Најчевска:

„Мислам дека е време Артан Груби да поднесе оставка на функцијата министер. Не смее да се задоволиме само со некоја бесмислена казна за неносење маски. Позицијата носи права и одговорности. Правата ги видовме. Време е да ја видиме и одговорноста“.

Функционерите на ДУИ од фотографијата меѓу кои и парламентарниот спикер Џафери, 5-мина министри, како и директори во државно- незгодната слика ја правдаа со тоа што некој засега непознат колега го изненадил Ахмети со торта за роденден, а тие седнати на маса поблиску отколку што треба само на миг ја извадиле маската за да се сликаат.

А тортата беше исечена и подделена на 15-мината кои обезбедија место на роденденската трпеза со партискиот шеф во државен објект.