Home Спорт Видео: Мајсторија на Несторовски за голем бод во Неапол!

Видео: Мајсторија на Несторовски за голем бод во Неапол!

Палермо го направи најголемото изненадување во Серија А, откако одигра 1:1 против Наполи, а херој за Сицилијанците беше Илија Несторовски.

Новиот тренер на сицилијанците, Лопез, во стартната постава ги стави двајцата Македонци, Александар Трајковски и Илија Несторовски и успеа да остане непоразен против Наполи.

Палермо го шокира Наполи по само шест минути игра кога по центаршутот на Пецела, Несторовски го совлада Реина. Македонскиот репрезентативец го постигна осмиот гол во Серија А.

Наполи израмни во 65-та минута кога голманот Посавец, направи неверојатен кикс по ударот на Мертенс. До крајот Наполи имаше уште три добри шанси, а Инсиње во 92-та минута не го погоди празниот гол.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…